Трабзонспор шест меча ќе игра пред празни трибини

Трабзонспор ќе игра шест натпревари зад затворени врати, без публика, поради нередите по поразот од Фенербахче во фудбалската Суперлига на Турција минатиот месец.

Навивачите на Трабзонспор влегоа теренот, ги нападнаа играчите на Фенербахче и безбедносните сили. Фудбалерите на Фенербахче, Џејден Остерволде и Ирфан Џан Егрибајат се суспендирани на по еден натпревар поради тепачката со ривалските навивачи.

Трабзонспор е казнет и со три милиони турски лири (75.000 фунти), а Егемен Коркмаз, тренерот на Трабзонспор, доби забрана за влез во соблекувалната и на клупата на еден натпревар, поради тепачка со ривалски играч.

Нигерискиот крилен играч на Фенербахче, Брајт Осај-Самуел, кој беше забележан како соборува на земја и тепа еден навивач на Трабзонспор, не беше санкциониран.

На натпреварот во Трабзон тензиите почнаа да се зголемуваат во 87. минута кога на теренот беа фрлени предмети откако Мичу Бачуаји постигна гол што се покажа како победнички за гостите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО