Дресот на Марадона од полуфиналето на СП 1986 оди на аукција

Дресот кој беше носен во полуфиналето на Светското првенство далечната 1986 година, го носеше славниот аргентински фудбалер Диего Марадона, ќе биде понуден на крајот од јули на аукциската куќа Сотби во Њујорк, пред да биде продаден на 22 август.

Марадона кој почина во 2020 година, го носеше овој дрес во полуфиналето против Белгија и со него постигна два гола.

Тогашниот аргентински репрезентативец, го менуваше дресот за ракавиците на белгискиот голман Жан Мари Пфафа.

Белгиецот го чуваше дресот со години, а кога повторно се сретнаа во 2016 година, Марадона на него напиша посвета. За добриот Жан Мари, со сета моја љубов.

Во Сотби проценуваат дека овој колекционерски предмет би можел да биде продаден за 800 000 до 1,2 милиони долари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО