Дрес од Македонија за легендарниот Андриј Шевченко

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска му беше домаќин на Андриј Шевченко.

Поранешниот славен фудбалер и актуелен претседател на Фудбалската федерација на Украина ги следи натпреварите од Елитната фаза квалификации за пласман на ЕП до 19 години.

Муамед Сејдини: “Андриј е наш драг гостин. Заедно споделуваме искуства и на чести состаноци во УЕФА. Се заблагодари на гостопримството и на добрата организација на турнирот.
Посакував престојот во Скопје да не мине резултатски позитивно за него, барем на првиот ден од натпреварите, но денешниот фудбал не простува грешки, а ние денеска наивно загубивме од Украина.
Остануваме позитивни за преостанатите два меча од групата”.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО