Родриго е желба на неколку гиганти од Премиер лигата

Бразилецот Родриго нема да има недостиг на заинтересирани екипи доколку одлучи да го напушти Реал Мадрид. Најголемите клубови во Премиер лигата се насочија кон Бразилецот, чија иднина останува нејасна по доаѓањето на Килијан Мбапе и Ендрик, а во конкуренцијата со Браим Дијаз и Арда Ѓулер.

„Диарио Спорт“ пишува дека Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал се заинтересирани за Родриго, кој сепак Реал го смета за потребен и нема намера да го продава. Бразилецот има договор до 2028 година, а неговата откупна клаузула е милијарда евра. Англиските клубови знаат дека неговото доведување е речиси невозможно освен ако играчот не побара трансфер или ако Реал Мадрид реши да го продадат. Ако го направи тоа, тогаш од „Сантијаго Бернабеу“ ќе бараат минимум 100 милиони евра, колку што е неговата моментална пазарна вредност.

Родриго се чувствува заштитен поради вербата што ја добива од главниот тренер Карло Анчелоти, кој го гледа како незаменлив играч во неговата шема. Неговата напорна работа и дисциплина ја надополнија неговата слаба форма оваа сезона во однос на головите, но Бразилецот придонесува за други работи кои се ценети од стручниот штаб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО