Драган Стојков ново име во Брера Струмица

Искусниот Драган Стојков од Струмица е новото засилување во редовите на првиот состав на Брера. Тој се приклучи на тимот, кој идната недела заминува на подготовки во Анталија – Турција. 35 годишниот дефанзивец, кој зад себе има настапувано во повеќе домашни и странски клубови, треба да биде столб на играта на сениорите, но и мотиватор на младите фудбалери во тимот во понатамошниот тек на првенството.

,,Среќен сум дека после неколку сезони се враќам повторно во мојот роден град, сега како член од тимот на Брера. Покрај големото задоволство што ќе сум дел од тимот, се надевам дека со моето искуство и напорна работа ќе придонесам екипата да ја оствари заедничката цел за оваа сезона и да ја радуваме струмичката јавност“, кажа Драган Стојков кој во својата кариера има освоено КУП титули со Македонија ЃП и Јагодина во Србија.

Драган Стојков е фудбалер од школата на струмичка Беласица а во својата кариера има настапуано во повеќе клубови во Грција, Србија и САД. Од 2018 година повторно е дел од мак фудбалот и настапува за Беласица, Работнички, Тиквеш и Македонија ЃП.

Лани за Македонија ЃП, Стојков има одиграно 17 меча а на мечот против Брегалница постигна и гол.

Му посакуваме добредојде на Драган во нашиот клуб и многу успех во дресот на Брера !

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО