Дортмунд подготвен да го доведе Ван Дајк, Слот ќе го убедува да остане во Ливерпул

Иднината на Вирџил ван Дајк ќе биде главен приоритет за идниот тренер на Ливерпул, Арне Слот, бидејќи Борусија Дортмунд и неколку други европски клубови се обидуваат да го ангажираат холандскиот дефанзивец, објави „Мирор“. Капитенот на „црвените“ има уште една година од договорот и не брза да потпише, особено што менаџерот Јирген Клоп, кој го донесе во тимот, ќе си замине на крајот од сезоната.

Ван Дајк, кој во јули ќе наполни 33 години, се уште има огромен мотив и амбиција и сака да продолжи да игра на највисоко ниво. Дефанзивецот се здоби со тешка повреда против Евертон во октомври 2020 година и не играше 10 месеци. Тој целосно се опорави, го освои ФА Купот, два Лига купа и загуби од Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите во 2022 година во Париз.

Но, со се позафатениот фудбалски календар во Премиер лигата, Холанѓанецот е на крстопат околу следниот чекор во кариерата и мора да одлучи дали сака да ја заврши кариерата во Ливерпул. Според тоа, Арне Слот ќе се надева дека ќе го убеди својот сонародник да го продолжи престојот на „Енфилд“, но се разбира дека Борусија Дортмунд внимателно ја следи ситуацијата со Ван Дајк.

Дефанзивец Матс Хумелс, кој во декември ќе наполни 36 години, е под договор само до летото и допрва треба да се обврзе на продолжување. Дортмунд, кој е домаќин на Пари Сен Жермен во полуфиналето на Лигата на шампионите во среда, се верува дека сака да ја засили својата одбрана особено со Ван Дајк доколку тој одлучи да ги напушти Ливерпул и Англија.

Се верува дека и клубови од Шпанија, Турција, Италија и Холандија внимателно ја следат ситуацијата со капитенот на „лалињата“. Сепак, Слот се надева дека Ван Дајк ќе остане на „Енфилд“ барем уште една година, иако капитенот јавно го изрази своето разочарување што Клоп ќе се повлече по неколку натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО