Арне Слот ќе биде тренер на Ливерпул, но не и менаџер

Се очекува холандскиот стручњак Арне Слот да биде назначен за нов тренер на Ливерпул, што ќе доведе до промена во распределбата на задачите на „Енфилд“. Според „Тајмс“, Слот нема да ги има истите одговорности како сегашниот менаџер Јирген Клоп, туку ќе биде ограничен првенствено на тренирање – подготовка и водење на тимот за време на натпреварите.

За разлика од Клоп, кој исто така имаше голема улога во трансфер политиката, Слот ќе им го остави тој дел на газдите на клубот, меѓу кои се Ричард Хјуз (спортски директор) и Мајкл Едвардс (извршен директор).

Слот тешко дека ќе има ништо против, бидејќи во моментов се занимава само со тренерски активности во Феенорд. Според „Би-Би-Си“, Ливерпул и Феенорд се договориле за сумата што „црвените“ треба да ја платат за Слот – 9,4 милиони фунти, што вклучува почетна такса од 7,7 милиони фунти и дополнителни 1,7 милиони фунти во бонуси. Тоа би го направило Слот најскапиот холандски тренер во историјата.

Слот го презеде Феенорд во 2021 година и по две сезони ја освои титулата во шампионатот на Холандија. Во 2022 година стигна до финалето на Конференциската лига, каде неговиот тим беше поразен од Рома под водство на Жозе Мурињо. Во тековната сезона, 45-годишниот Слот го предводеше Феенорд до трофејот во Купот на Холандија и тимот најверојатно ќе заврши на второто место во лигата, зад бранителот на титулата ПСВ Ајндховен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО