Дортмунд не е подготвен да ја плати бараната цена на Јунајтед од 40 милиони фунти за Санчо

Борусија Дортмунд e заинтересирана за 24-годишниот крилен напаѓач Џејдон Санчо, које е на позајмица од Манчестер Јунајтед. Сепак од Борусија Дортмунд не се подготвени да ги платат 40-те милиони фунти (46,6 милиони евра) што ги побараа од Манчестер Јунајтед за англискиот фудбалер, објави „Скај Спорт Германија“.

И покрај неподготвеноста да плати толкава сума, Борусија не се откажува од надежта дека ќе го ангажира Санчо, кој пак се чувствува удобно во клубот од Дортмунд. Да потсетиме, англискиот крилен напаѓач минатата зима се пресели во Борусија на позајмица до крајот на сезоната.

Сезонава Санчо учествуваше на 14 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и две асистенции. Актуелниот договор на играчот со англискиот клуб трае до летото 2026 година. Пазарната вредност на фудбалерот е 25 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО