Добра вест за Барселона, Де Јонг се враќа во тимот

Фудбалерот на Барселона Френки де Јонг, кој се повреди пред еден месец, речиси сигурно ќе биде достапен за претстојниот натпревар на Барселона против Пари Сен Жермен во среда во Лигата на шампионите.

Денеска играчот од средниот ред на Каталонците беше целосно вклучен и без проблем го одигра меѓусебниот дуел на играчите на крајот од тренингот. Импровизираниот меч траеше околу 30 минути, но сепак се доби впечаток дека Холанѓанецот не ризикуваше да влегува во дуеч игра. Спротивно на тоа, Педри и Андреас Кристенсен беа вклучени само накратко и изгледа малку веројатно дека ќе се вратат на гостувањето во Париз за првиот натпревар од четврт-финалето на ЛШ.

Повредени се и Шпанецот и Данецот, но сега е јасно дека има напредок во процесот на опоравување кај Де Јонг. Викендов Барселона не игра натпревар бидејќи нема коло во Ла Лига поради финалето од Купот на Шпанија меѓу Атлетик Билбао и Мајорка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО