Фудбалерот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор, не ја отфрла можноста, идната сезона да заигра во Саудиска Арабија.
Според ЕСПН, Винициус размислува за тоа и одлука ќе донесе на крајот од новата сезона. Тој има договор со Реал Мадрид до 30. јуни 2027 година.
Неговата откупна клаузула е милијарда евра, тоа е сума која тешко може некој да ја плати, но во фудбалот, како што знаеме, се е можно.
Извори блиски до ЕСПН тврдат дека Ал Ахли има контакт со Винициус, односно дека играчот им дал уверување дека сериозно ќе размисли за трансфер идното лето. Верувале или не, на овој фудбалер му нудат плата од 350 милиопни евра по сезона.
Секако се уште е далеку да се размислува за такво нешто, но очигледно Бразилецот остава простор и отворена врата за сензационален трансфер.