Ракометниот клуб Е.Пелистер ги извести своите навивачи дека од 31 јули во 14:00 часот официјално започнува продажбата на сезонските билети за сезоната 2026/27.
Продажбата ќе трае до 18 август, а со сезонскиот билет љубителите на ракометот ќе имаат можност да ги следат сите домашни натпревари на Е. Пелистер и Е. Пелистер 2 во текот на сезоната.
За цена од 4.000 денари, навивачите ќе добијат пристап до сите домашни натпревари на Еурофарм Пелистер во Суперлигата, Купот на Македонија, Регионалната лига и Европската лига на ЕХФ, како и до натпреварите на Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата и Купот на Македонија. Овие билети важат за страничните позиции на двете трибини.
За 4.500 денари, достапни се сезонски билети за централните позиции на трибините, кои исто така овозможуваат влез на сите домашни натпревари на Еурофарм Пелистер во Суперлигата, Купот на Македонија, Регионалната лига и Европската лига на ЕХФ, како и на сите домашни средби на Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата и Купот на Македонија.
Од битолскиот клуб ги повикаа своите навивачи навреме да обезбедат сезонски билет и во текот на целата сезона да бидат поддршка на двата тима во борбата за нови успеси на домашната и европската сцена.