Трансферот на Гранит Џака во Сандерленд денес доби официјална потврда – вредноста на договорот изнесува 20 милиони евра. Играчот на Бајер Леверкузен изненади многумина со одлуката да премине во клуб од понизок ранг, но сепак реши да се врати во Премиер лигата.
Бајер Леверкузен се прости од својот играч преку социјалните мрежи, потсетувајќи на неговите најдобри моменти во дресот на германскиот шампион – меѓу кои и голови кои оставија трага во титулата освоена во сезоната 2023/24. Џака претходно дојде во клубот токму од редовите на Арсенал.
Во Сандерленд, неговото пристигнување беше дочекано со голем ентузијазам. Навивачите на социјалните мрежи не ја крија својата возбуда, поздравувајќи го играчот кој се најде на 16-тото место во трката за Златната топка.
И официјалните канали на Премиер лигата го поздравија неговото враќање, посочувајќи дека Сандерленд ова лето сериозно се засили со имиња како Сајмон Адингра, Хабиб Дијара, а сега и со искусниот Гранит Џака.