И двата тима во текот на регуларните 90 минути имаа неколку добри шанси за гол, но навивачите во Доха не успеаја да се израдуваат на погодок. Токму кога се чинеше дека натпреварот ќе оди до пенали, Дембеле стапи на сцена и донесе голема радост за парижани.
ПСЖ ја сочува мрежата од крајот на натпреварот и стигна до третиот последователен трофеј во Суперкупот на Франција, со што ја потврди доминацијата во ова натпреварување.