Новото засилување на Вардар: Дојдов во најголемиот клуб во Северна Македонија

Дејан Ѓуриќ е еден од неколкуте засилувања кои зимава пристигнаа во таборот на ФК Вардар

Србинот потпиша полугодишен договор со Вардар, со опција за продолжување на соработката на уште 12 месеци.

– Дојдов во најголемиот клуб во Северна Македонија, Вардар се врати во елитната група, шест бода разлика во однос на петтопласираната екипа од Првата лига а осум екипи се на само пет бода гледајќи ја позицијата на табелата.

-Ќе бидам слободен да изберам нова средина доколку клубот или јас не најдеме заеднички јазик по истекот на договорот, целта е за една година тимот да биде во европско натпреварување. Вардар ја надмина кризата, сака повторно да чекори по патеките на старата слава, а јас ќе направам се од моја страна да бидам корисен за скопјани – изјави Дејан Ѓуриќ за српски „Спортски Журнал“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО