Де Бруин се изнесе ласкаво за младиот соиграч

Големата ѕвезда на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Кевин де Бруин, имаше само пофални зборови за 23-годишниот крилен напаѓач, Фил Фоден, кој потекнува од школата на англсикиот клуб.

-Тој е еден од најголемите таленти со кои сум играл. Тој би можел да влезе во фудбалската историја во наредните 15 години – изјавил Белгиецот.

Фоден во сезонава се појави на 45 натпревари во сите конкуренции. Тој постигна 22 гола и направи 10 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО