Кимих: Извлековме поука од првиот меч во Англија

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, проговори за реваншот со Арсенал во 1/4 финалето во Лигата на шампионите кој ќе биде одигран в среда на 17 април.

– В среда нема да можеме да ја контролираме играта цели 90 минути но, очекувам дека ќе имаме поголем посед. Во сезонава имавме неколку добри натпревари во кои користевме контра напади. Имаме брзи играчи од одбрана во напад – изјавил Кимих за весникот – „Билд“. Германскиот состав ќе ги пречека „топчиите“ на Алијанц Арена во Минхен. Првата средба во Лондон заврши 2:2.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО