Данил Медведев во третото финале на АО ќе ја брка првата титула

Данил Медведев го победи Александар Зверев во пет сета со 5:7, 3:6, 7:6 (7:4), 7:6 (7:5), 6:3 во мечот што траеше 4,17 часа и избори пласман во финалето на Австралија опен.

Противник на Медведев во финалето ќе му биде Јаник Синер, кој го елиминира бранителот на титулата, Новак Ѓоковиќ совладувајќи го со 6:1, 6:2, 6:7 (6:8), 6:3.

-Многупати морав да „копам длабоко“ на овој турнир. Беше тешко во првиот сет, мислам дека не одигравме добро. Во вториот сет тој играше многу добро и немав шанси. Бев малку изгубен, но во третиот сет си реков дека ако го загубам мечот, само сакам да бидам горд на себе и да се борам до крај, да се борам за секој поен, рече Медведев.

Медведев по трет пат ќе игра во финалето во Мелбурн. Во 2021-та загуби од Новак Ѓоковиќ, а во 2022-та од Рафаел Надал.

-Трета среќа? Така се вели, па да видиме. Од искуство можам да кажам дека не секогаш функционира, но се надевам дека и во Австралија ја користат оваа фраза. Тоа ќе ми значи многу затоа што овој терен не е најдобар за мене. Ќе бидам најсреќниот човек на планетата ако победам, но ќе морам да играм прилично добро и да освојам три сета во недела, истакна Медведев.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО