По Клоп, Ливерпул ќе остане и без спортскиот директор Шмадке

По менаџерот Јирген Клоп, од Ливерпул ќе си замине и спортскиот директор, Јорг Шмадке, на крајот од јануарскиот преоден рок.

Шмадке им се приклучи на „црвените“ минатото лето, како привремена замена за Џулијан Вард, кој пак дојде на местото на Мајкл Едвардс, една година претходно.

Заминувањето на Шмадке го потврди и Мајк Гордон, претседателот на Фенвеј спортс групацијата (ФСГ) која раководи со Ливерпул.

– Сакам да ја изразам нашата благодарност до Јорг за важната улога што ја играше откако му се приклучи на Ливерпул. Тој даде драгоцен придонес, како во однос на поддршката што му ја даде на Јирген Клоп, така и во однос на помошта и насоките дадени на одделот за фудбалски операции, изјави Гордон.

Шмадке се познава со Клоп од доцните 1980-ти, за време на играчките денови во Фортуна Дизелдорф.

– Ливерпул е многу посебен клуб, така што работењето овде беше огромна чест за мене, иако од почетокот знаев дека тоа ќе биде на краток период, истакна Шмадке.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО