Далеку е Атаман од Жељко Обрадовиќ, доколку сака да го стигне…

Ергин Атаман годинава со Панатинаикос, ја освоија титулата во Евролигата.

Во Грција се уште се слави титулата на „детелинките“ на која долго чекаа, а многумина го споредија Атаман со Жељко Обрадовиќ, кој во минатото беше симбол за освојување на титули со Панатинаикос.

Но поранешниот хрватски кошаркар, Никола Вујчиќ, кој има богато минато со Макаби Тел Авив во Евролигата, го изнесе своето мислење и плукна на теоријата на навивачи од Грција дека Атаман е новиот Обрадовиќ.

– За да Атаман го стигне Жељко Обрадовиќ, ќе мора да работи во следните 100 години и да освојува трофеи. Доколку некако сакате да го преименувате трофејот од Евролигата, преименувајте го во Жељко Обрадовиќ, тоа е тоа, порача Вујчиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО