Болт ја скина ахиловата тетива на хуманитарен натпревар

На светскиот рекордер на 100 и на 200 метри, легендарниот спринтер од Јамајка, Усеин Болт му пукна ахиловата тетива на хуманитарен фудбалски натпревар вчера во Лондон.

Болт играше за светската селекција против Англија, за која настапуваа и некои поранешни англиски фудбалери, на мечот „Сокер ејд“ на стадионот на Челси, „Стемфорд бриџ“.

„Ахиловата пукна, но знаете, јас сум воин“, објави осумкратниот олимписки шампион Болт на социјалните мрежи покрај фотографијата на која се гледа лонгетата на десната нога.

На таа објава реагираше и ривалот на Болт од натпреварувачките денови, американскиот спринтер, Џастин Гетлин: „Брат, што правиш?!?! Ние се пензиониравме, се сеќаваш“, напишал Гетлин со насмевка.

Болт (37) се прости од атлетиката во 2017 година, по Светското првенство (СП) што се одржа во Лондон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО