Кевин Пантер нема намера да ја напушти Барселона. Според шпанските медиуми, американскиот бек останува важен дел од плановите на каталонскиот гигант и на новиот тренер Александар Секулиќ.
Пантер има договор со Барселона до летото 2028 година.
Мозес Рајт веќе се пресели во Олимпија Милано, откако ја активираше клаузулата за раскин на договорот, додека Торнике Шенгелија е блиску до трансфер во Дубаи, каде повторно би соработувал со тренерот Чави Пасквал.
Дополнителни шпекулации предизвика фотографијата на Пантер и Шенгелија, која на социјалните мрежи ја објави италијанскиот новинар Матео Андреани. Сепак, од Барселона порачуваат дека нема никакви индикации оти Американецот размислува за заминување.
„Во клубот нема информации дека Пантер сака да ја активира излезната клаузула. Тој е задоволен од својата улога и останува дел од проектот“, пренесуваат шпанските медиуми.