Цела Барселона стиска палци за враќање на Пеп, а тој излезе со директна порака

Пеп Гвардиола успешно и максимално добро го води Манчестер Сити кон големи успеси, како што тоа го правеше некогаш во Баерн и Барселона.

Тој од поодамна е заминат од Барселона, но дел од фановите и понатаму сакаат да го видат на нивното кормило и сонуваат за тоа.

Откако стана се повеќе од јасно дека идното лето Гвардиола веројатно ќе заминува од Манчестер, во Барселона притискаат да се ангажира токму нивниот проверен стратег.

Од заминувањето на Пеп од Барселона, овој тим освои ЛШ само уште еднаш и тоа 2015 година, додека Меси беше на врвно ниво, а потоа падот на тимот од Блауграна.

– За сите кои мислат дека ќе бидам во иднина тренер на Барселона, моите врати таму се затворен, порача Пеп Гвардиола за медиумите.

Шпанецот веројатно со ова сака да ги затвори сите шпекулации околу неговото евентуално враќање во Барселона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО