Дајч: Нема логика за казнувања додека се игра шампионатот

Менаџерот на Евертон, Шон Дајч, вели дека Премиер лигата треба да изрекува казни за финансиски прекршувања меѓу сезоните, а не за време на првенството.

На неговиот тим му беа одземени 10 поени, лани во ноември, но по жалбатa четири му беа вратени во понеделникот.

– Научив толку многу од целиот процес што можам да и’ препорачам на Премиер лигата такви одлуки да донесува за време на паузата меѓу сезоните. Сигурен сум дека е подобро тоа да се случи во летото отколку по почетокот од првенството, изјави Дајч.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО