Чудо во Италија. Екипа со двојно помал буџет од ривалите, испиша историја

Во Бундеслигата, Баер Леверкузен освои изненадувачка титула пред фаворизираниот Баерн Минхен, за прв пат во 119-годишната клупска историја,

Џирона од шпанската Ла лига, за прв пат во историјата, се пласира во ЛШ. Нешто слично се случи и во француската Лига 1, каде што Брест исто така се избори за прв настап во најквалитетното европско клупско фудбалско натпреварување.

Идентична е ситуацијата и во италијанската Серија А. Една од главните вести е дека некогаш моќната Болоња го обезбеди првиот настап во ЛШ, вкупно втор во ова натпреварување, по 60 години и сезоната 1964/65.

Болоња е еден од најтрофејните италијански клубови, со седум освоени „скудета“, од кои шест се од „претпотоското време“, пред Втората светска војна (во 1925, 1929, 1936, 1937, 1939 и 1941 година) и само едно подоцна (во 1964-та). На тие титули додадоа уште два триумфа во Купот Италија во следните 10 години.

Болоња со децении не беше фудбалска сила од која треба да се плаши конкуренцијата во Италија. Но сезонава предводена од поранешниот интернационалец, бразилско-италијанскиот репрезентативец, Тиаго Мота направи мало чудо во конкуренција на многу побогати тимови составени од објективно подобри играчи.

Болоња го постигна она што никој не го предвидуваше пред почетокот на сезоната. На стадионот „Ренато Дал’Ара“ паднаа многу конкуренти, а само Интер и Милан потврдија дека се подобри од Болоња со победите тука.

Како Џирона и Брест, и Болоња постигна голем успех со имиња на играчи и екипа која, според парите, не вреди многу на фудбалскиот пазар. Трансфермаркт го проценува тимот на Болоња на 244,5 милиони евра, а Интер, на пример „тежи“ 622 милиони, Милан 533, Наполи 513, Јувентус 490 милиони евра…

Хроничарите на италијанскиот фудбал заклучија дека прв „играч“ на Болоња сезонава е нивниот тренер, Мота! Тој создаде флексибилни системи на игра кои им овозможија на неговите играчи целосно да ги изразат своите таленти.

Главен играч на Болоња сезонава беше Џошуа Зиркзи (22), роден во Лондон, играч со холандско потекло и со нигериски корени. Тој дојде во Болоња во 2022 година за 11 милиони од Баерн, а по игрите за Болоња во две сезони ја неговата вредност порасна на 40 милиони евра, што го прави веројатно најскапиот играч во клубот.

Шкотскиот репрезентативец Луис Фергусон (24), кој исто така дојде во Болоња во 2022-та, вреди 24 милиони евра. Станува збор за откритие на лигата кој беше прогласен за најдобар играч за врска во Серија А во конкуренција на Барела, Хакан, Рабио итн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО