Барселона почнала преговори со Халанд!

Агентите на ѕвездата на Манчестер sити, Ерлинг Халанд, почнале преговори со Барселона, објавија шпанските медиуми.

Рафаел Пимета и Максвел, кои се претставниците на Халанд, биле на средба со спортскиот директор на Барселона, Деко. Информациите велат дека тема на средбата бил потенцијалниот трансфер на Норвежанецот во каталонскиот гигант.

Барселона сака да ја искористи можноста и да се обиде да го донесе голгетерот во Каталонија чија откупна клаузула во договорот изнесува 100 до 200 милиони евра, во зависност од која лига ќе стигне понудата.

Каталонците во последните неколку години имаа огромни финансиски проблеми, но очигледно Деко и Лапорта имаат начин на кој можат да го убедат Халанд да го облече дресот на Барса.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО