Челси без Чилвел и Галагер за дербито со Њукасл

Левиот бек на Челси, Бенџамин Чилвел и офанзивниот играч за врска Конор Галагер нема да можат да настапат на натпреварот од 28. коло на англиската Премиер лига против Њукасл.

Веста ја потврдија од лондонскиот клуб. Галагер наводно ќе отсуствува поради болест. За разлика од него, Чилвел ќе мора да помине специјализиран лекарски преглед за да се утврди сериозноста на неговата повреда.

Чилвел пропушти дел од оваа сезона поради повреда на тетивата. Англискиот фудбалер беше недостапен од крајот на септември до почетокот на јануари. Оваа сезона, дефанзивецот учествуваше на 18 натпревари на сите турнири, на кои направи една асистенција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО