Челси преку Палмеирас до поуфиналето на клупскиот Мундијал

Фудбалерите на Челзи го победијa Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА со 2:1 (1:0).

Двократниот европски шампион ја оствари победата благодарение на голот на Кол Палмер во 16-та минута и автоголот на голманот Вевертон во 83-та минута. Стрелец за Флуминенсе беше фудбалерот што „сините“ веќе го купија, креативниот играч од средниот ред Вилијан Естевао.

Крилниот напаѓач Педро Нето беше дел од англискиот клуб од самиот почеток.

Настапот на Португалецот беше неизвесен, откако Челзи му даде одврзани раце да избере дали да игра по смртта на неговиот голем пријател – фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО