Премиер лигашот, Вест Хем размислува за правна постапка против Фудбалската асоцоја на Англија (ФА) поради потенцијалната доживотна суспензија на фудбалерот, Лукас Пакета, објави весникот „Сан“.
Бразилскиот плејмејкер е обвинет дека намерно добивал жолти картони на четири натпревари во Премиер лигата, против Лестер, Астон вила, Лидс и Борнмут. Весникот наведува дека „чеканите“ ги истражуваат опциите да се жалат до Спортскиот арбитражен суд (САС) во Лозана и на тој начин да ја запрат истрагата на ФА.