Чави е пред отказ во Барса!

Чави Ернандез, 44-годишниот тренер на Барса, кој во јануари најави дека ќе се повлече на крајот од сезоната, но потоа се премисли, се соочува со отказ поради коментарите на неодамнешната прес-конференција кои го налутија управниот одбор на клубот.

Тие сега сметаат дека Чави, поранешниот играч од средниот ред на Барса и на Шпанија, треба да замине. Тренерот на вториот тим на Барса, Мексиканецот Рафаел Маркез е фаворит за преземање на неговата функција.

Пред победата на гости кај Алмерија во четвртокот, Чави посочи дека ќе биде тешко да се натпреварува на финансиски план со ривалите, Реал Мадрид и со другите врвни тимови од Европа.

– Мислам дека навивачите на Барса треба да разберат оти ситуацијата е навистина тешка, особено економската, за да се натпреваруваме со Реал Мадрид во Шпанија и со другите тимови во Европа. Ќе се прилагодуваме на тоа, и не значи дека не сакаме да се бориме и да играме за трофеи. Тоа е ситуацијата за Барселона во овој момент. Ни треба стабилност и време, рече тој.

Реал веќе ја обезбеди титулата во Ла лига, се пласира во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) и е пред потпишување договор со францускиот напаѓач, Килијан Мбапе од ПСЖ.

Чави ја презеде Барса во ноември 2021 година откако го напушти катарскиот клуб Ал Сад. Во првата, 2022/23-та сезона тој ја освои титулата во Ла лига. Сезонава Барса е втора, со минус 14 бода зад Реал, на две кола до крајот, а во четвртфиналната фаза во ЛШ, беше елиминирана од ПСЖ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО