Брегалница започна со засилувања: Прво ново име е камбек на свое дете

Екипата на Брегалница Штип го отвори преодниот рок со ангажман на добро познато име.

Повратникот Михаил Маневски е првото засилување на штипските сини во овој преоден рок.

Маневски е искусен фудбалер кој покрај Брегалница, настапуваше и во Академија Пандев, Силекс, Шкендија и Гостивар.

Михаил Маневски во февруари ќе наполни 25 години и игра на позиција лев бек. Додека настапуваше во Брегалница, Михаил беше миленик на штипската публика.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО