Светскиот шампион од Катар бил ограбен. Разбојници упаднале во неговиот дом и му ставиле пиштол

Четири разбојници упаднале во домот на Анхел Кореа (28), крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид. Кадена Копе пишува дека на Аргентинецот и неговото семејство им се заканувале со огнено оружје и побарале да му предадат накит и пари.

За среќа нема повредени, а фудбалерот веднаш по драматичниот настан ја известил полицијата која покренала истрага.

Кореа е член на Атлетико од 2015 година, кога дојде од аргентинскиот Сан Лоренцо. Сезонава забележа 23 настапи, пет гола и една асистенција за мадридскиот клуб, додека во дресот на „јорганџиите“ одигра вкупно 397 натпревари. Вкупната статистика вели дека постигнал 74 гола и асистираше за 58 гола.

Иако неговиот договор е со важност до летото 2026 година, неодамна се шпекулира дека кариерата би можел да ја продолжи во Ал Итихад, саудискиот клуб за кој меѓу другите летово потпиша и Карим Бензема. Кореа има 24 настапи, три гола, Копа Америка и златото на Светското првенство во Катар во 2022 година со репрезентацијата на Аргентина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО