Бразил без Алисон на контролите со Шпанија и Англија

Бразилскиот селектор Доривал Јуниор објави дека голманот Алисон Бекер поради повреда ќе ги пропушти пријателските натпревари против Англија и Шпанија.

Алисон се повреди пред пет дена на тренинг во пресрет на мечот со Брентфорд во Премиер лигата. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вчера изјави дека бразилскиот голман извесно време ќе паузира поради повреда на мускулот.

„Некои репрезентативци, како Алисон, Матеус Куња, Жоао Педро и Нејмар нема да можат да играат за Бразил против Англија и Шпанија“, изјави Доривал.

Британските медиуми пренесуваат дека Алисон поради повредата најверојатно ќе биде надвор од терените до крајот на март.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО