(ВИДЕО) Трајковски даде гол директно од корнер па порач: Немав намера, но ете ветрот ми помогна

Хајдук победи со 5:2 против унгарскиот прволигаш Фехервар во подготвителниот натпревар одигран во Умаг.

Стрелци за сплитскиот тим беа Марко Ливаја, Фахд Муфи, Никола Калиниќ, Александар Трајковски и Бруно Дурдов.

Натпреварот се играше по четвртини од по 30 минути, а најубавиот гол беше постигнат во 103. минута кога Трајковски погоди директно од корнер.

-Немав намера, не целев, сакав само силно да центрирам и со помош на ветрот постигнав гол од корнер“, изјави 31-годишниот Трајковски, кој ја пропушти првата подготвителна средба со Алуминиј (3:0).

-Имав проблеми со листот, но фала му на Бога, не беше толку лошо. Се вратив, задоволен сум од тоа што го одиграв. Треба уште да се подготвам физички, но имаме време, додаде тој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО