Македонскиот кошаркарски суперлигаш ТФТ Скопје со пораз ја отвори плеј-оф серијата за пласман во АБА лига, откако на гостински терен беше совладан од Борац Чак од Србија со (97-61).
Најдобри стрелци кај Борац на мечот беа Николиќ и Јошило, двајцата дадоа по 20 поени, додека кај ТФТ Скопје се истакна Дејвис Јуниор со 17 поени, Говенс имаше девет, а Сомервил и Гордон дадоа по осум поени.
ТФТ ќе има можност за поправен веќе на 10 мај, кога во Скопје ќе го одигра вториот натпревар пред својата публика, каде ќе се обиде да избори мајсторка и да остане во трката за историски пласман во регионалната лига.