Боби Чарлтон е избран за најдобар напаѓач во историјата на Англија

Боби Чарлтон е избран за најдобар напаѓач во фудбалската историја на Англија од  магазин „ФорФорту“ (FourFourTwo).

Легендата на Манчестер јунајтед е на чело на листата во која се ставени во Топ 10 и Стенли Метјуз, Кевин Киген, Хари Кејн, Вејн Руни, Џими Гривс, Алан Ширер, Том Фини, Дикс Дин и Стив Блумер.

Сер Боби Чарлтон беше еден од клучните членови на Англија која го освои Мундијалот во 1966 година. Тој веднаш потоа го доби и признанието за најдобар европски фудбалер. Чарлтон најголемиот дел од клупската кариера ја мина во Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО