Италијанецот Матео го победи Роберто Карбалес Баена во два сета, со 7:5 и 6:2, за 1,46 часа игра во мароканскиот град Маракеш и ја освои првата турнирска титула по речиси две години.
За Беретини (27) кој ја прекина серијата од девет победи на Баена, тоа беше прв триумф по оној на Квинс клубот во Лондон, во јуни 2022 година.
За него ова беше трет турнир по повредата на скочниот зглоб поради што паузираше шест месеци.