Интер почнува разговори со Марсијал

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал би можел да ја продолжи кариерата во Интер, пишува „Газета дело Спорт“. Договорот на играчот со Јунајтед му истекува летово, и е интересен на трансфер пазарот за многу европски тимови.

Интер се’ уште нема донесено одлука за иднината на Алексис Санчез и на Марко Арнаутовиќ, но доколку тие си заминат, клубот сигурно ќе побара нов напаѓач и покрај тоа што веќе го обезбеди потписот на Мехди Тареми од Порто, кој исто така како слободен играч доаѓа во Милано.

Според информациите, агентите на Марсијал веќе разговарале со шефовите на „нероаѕурите“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО