Белингем не можеше да избере еден најдобар соиграч – мораше да каже две имиња

Џуд Белингем не може да избере најдобар соиграч во таборот на Реал Мадрид, па неговиот избор падна на две имиња.

Англискиот фудбалер стана голема ѕвезда откако го облече дресот на Реал, доаѓајки од Борусија Дортмунд. За кратко тој демонстрираше зошто е донесен во Мадрид и што знае и умее.

Сезонава постигна 18 лигашки голови, со четири асистенции и веќе прослави прва титула со Реал. Но освен тоа, наскоро можеби ќе биде во можност и да слави во Лига на шампиони, доколку прво успеат да се пласираат во големото финале.

Белингем играше со ѕвезди како што се Хари Кејн, Халанд, Мусиала, Фоден и Винициус, но порача дека неговите двајца најдобри соиграчи му се Тони Крос и Лука Модриќ.

Ова не е прв пат Белингем да покаже приврзаност кон овие двајца мајстори на фудбалскиот занает.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО