Борусија Дортмунд започнува офанзива за Серу Гираси

Борусија Дортмунд сака да се засили со голгетерот на Штутгарт, Серу Гираси ова лето, тврди новинарот Флоријан Плетенберг. 28-годишниот репрезентативец на Гвинеја има одлична сезона за Штутгарт, а интерес има и од уште неколку клубови.

Од „Сигнал Идуна парк“ веќе оствариле контакт со напаѓачот кој го сметаат за најдобра опција за нивниот напад. Се очекува „жолто-црните“ да се разделат со еден од нивните офанзивни играчи – Себастијан Алер или Јусуфа Мукоко, поради што сакаат да го привлечат Гираси.

Штутгарт ќе направи се за да го убеди својот голгетер да остане во тимот и следната сезона, кога претстои учество во Лигата на шампионите.

Серу Гираси има 25 гола на 26 натпревари за Швабите оваа сезона. Во неговиот договор има откупна клаузула вредна околу 20 милиони евра, со важност на лето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО