Српската престолнина Белград ќе биде домаќин на финалниот турнир од ФИБА Лигата на шампионите. За првпат во историјата на кошаркарската Лига на шампиони на ФИБА, Ф4 турнирот ќе се организира во Србија.
Полуфиналето и финалето ќе се играат во Штарк Арената во Белград од 26 до 28 април. И покрај тоа што има два германски тима во четвртфиналето, многумина сметаат дека најголем фаворит да го добие Ф4 турнирот е Франкфурт. Сепак, ФИБА одлучи поинаку и организацијатаму ја довери на Белград.