Надал загрижен поради ситуацијата: Не знам уште колку ќе можам вака..

Рафаел Надал соочен со низа на повреди, мораше да се откаже и од турнирот Индијан Велс.

Неговиот тон не навестува убави работи за неговите навивачи, па воопшто не знае како ќе се одвива ритамот на неговото тело следниот период, па со една изјава ги загрижи неговите навивачи.

– Не се работи за тоа дали сум оптимистичен за следниот период или не, јас сум само реален. Последните година и половина беше скоро невозможно за мене да се натпреварува, така да моја прва и единствена цел е да се обидам да останам во натпреварувачки ритам и да одам чекор по чекор.

– Морам да бидам внимателен, но ип озитивен, мна доста време, знам колку имам години и колку ми трае кариерата. Ќе видиме уште колку долго ќе можам да се обидувам да останам на терените, порача Надал.

Шпанецот несомнено дека сака да даде последен блесок на Ролан Гарос, оваа година, па дури по евентуално освојување на тој турнир, доколку успее во тоа, да се повлече.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО