Шпанија ќе го апси Рубиалес поради перење пари и корупција

Поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ), Луис Рубиалес, моментално е во својот дом во Доминиканската Република, но планира да се врати во Шпанија на 6 април, каде што ќе биде приведен. Рубиалес ќе биде приведен бидејќи вчера, шпанското обвинителство издаде налог за негово апсење.

Истиот беше издаден откако беа претресени просториите на РФЕФ во врска со случајот со договор со Саудиска Арабија, кој вклучува пренос на правата за домаќин на шпанскиот Суперкуп на таа земја.

Беше истакнато дека при склучувањето на оваа трансакција има знаци на корупција и перење пари. Да потсетиме, според договорот со Саудиска Арабија, РФЕФ секоја година заработува 40 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО