Челси прв пат сезонава непоразен на четири меча по ред

Челси синоќа на домашен терен на стадионот „Стамфорд бриџ“, го победи Њукасл со 3:2, во 28. коло на англискиот шампионат. Украинецот Михаил Мудрик го постигна победничкиот гол.

За прв пат во сезоната 2023/24, лондонскиот клуб не е поразен на четири натпревари по ред (две победи и две ремија).

Претходно, тимот предводен од Маурицио Покетино, го победи Кристал Палас (3:1), а ремизираше со Манчестер сити (1:1) и со Брентфорд (2:2). Челси е на 11. место во Премиер лигата со 39 бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО