„Бебињата“ на Ливерпул во налет: Данс најмлад со два гола на меч по Овен во 1997-та

Младиот напаѓач на Ливерпул, Џејдан Данс постигна два гола на мечот во рамките на ФА купот против Саутемптон, 3:0.

Кога го постигна вториот гол, на возраст од 18 години и 43 дена, тој стана најмладиот играч на „црвените“ што постигнал два или повеќе голови на еден натпревар, по хет-трикот на Мајкл Овен против Гримсби во ноември 1997 година.

– Ова е најсреќниорт ден во мојот  живот. Се чувствувам како да сум во филм. Вториот гол беше чиста радост, не го очекував, ќе бев среќен со еден. Тотално се загубив.

Татко ми Нил, плачеше кога дебитирав, не знам што ќе прави сега. Тој беше на трибините, исто така и мајка ми, братот, сестрата, баба ми… Неверојатно е, изјави младиот Данс по мечот..

Покрај Данс, мечот на „Енфилд“ долго ќе го памети уште еден дебитант, исто тека 18- годишник, Луис Кумас, стрелецот на првиот гол.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО