Барселона одбила 200 милиони евра од ПСЖ за трансфер на младиот талент?!

Фудбалскиот клуб ПСЖ интензивно бара на терен соодветна замена за Килиан Мбапе, кој заминува на лето и неговата дестинација најверојатно ќе биде Мадрид.

Тој заминува бесплатно, откако не успеаја да најдат заеднички јазик и да потпишат нов договор со „светците“, па така човекот кој пред неколку години го платија 180 милиони, сега го губат бесплатно.

Како што пренесува шпанска Марка, ПСЖ веќе го подвлекол името кое сакаат да биде наследник на Мбапе и изборот паднал на Ламин Јамал од Барселона.

Во овој 16 годишен играч очигледно во ПСЖ видоа потенцијал, па верувале или не, доставиле понуда вредна 200 милиони до Барселона, но како што пишува споменатиот медиум, Барселона ја одбила оваа великодушна понуда.

Но и покрај одбивањето, сите во каталонскиот клуб се свесни дека им е потребна силна финансиска помош во клубот, па доколку се изборат за нешто поголема цифра, овој трансфер можеби наскоро и ќе биде реален.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО