Многу се шпекулира за Чаби Алонсо – но ова е веројатниот план кој Шпанецот ќе го спроведе

Многу европски екипи го чекаат трансфер летото, со цел да се обидат да дојдат до потписот на Чаби Алонсо, тренерот кој ги залуди големите екипи со неговите квалитети кои ги покажува во Баер Леверкузен.

Фармацевтите од Леверкузен се блиску да освојат титула во Бундес лигата, нешто кое нема никого го остварено, а тоа може да биде човекот на кого веројатно ќе му откријат и биста по неговото евентуално заминување – Чаби Алонсо.

Познато е дека Баерн Минхен и Ливерпул стојат први во редот за потписот на овој тренер, а заинтересирани страни се уште и Лацио и Реал Мадрид.

Но околу иднината на Алонсо зборуваше спортскиот директор на Баер, Рајнер Калмунд, кој истакна дека за шпанскиот стратег е најдобро да го одбие Ливерпул.

– Цврсто верувам дека Алонсо ќе биде тренер и следната сезона во Баер Леверкузен. Како играч освои се, вклучувајки и ЛШ со Реал Мадрид. Анчелоти таму го продолжи договорот, така да во овој момент нема опасност од тоа тој да не напушти. Доколку сум јас агент на Чаби Алонсо, не би му советувал да оди во Ливерпул како наследник на Јирген Клоп. Јас би му препорачал дека треба да остане уште сезона или две во Баер, а потоа би можел да ја прифати понудата од Реал Мадрид и да биде наследник на Анечелоти, се разбира доколку се уште го посакуваат тогаш, порача Калмунд.

Баер Леверкузен има фантастична сезона, се уште не се порази во домашното првенство, но и сите останати, така да на вистински пат се да имаат доста успешна сезона и за прв пат во својата историја да станат шампиони во Бундеслигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО