Барселона го нашла новиот тренер?!

Кошаркарите на Барселона не ги исполнија очекувањата сезонава, а едно од нив беше, пласман на Ф4 во Евролигата, кој за нив беше приоритет.

Каталонците во четвртфиналето по пет натпревари, беа поразени од екипата на Олимпијакос, а единствена надеж за позитивна сезона им е да ја освојат АЦБ лигата. Во полуфиналето од домашното првенство, противник им е Реал Мадрид.

Но како што јавуваат медиумите, Барселона ќе бара нов тренер и дека веќе е најдено идејно решение. Во Каталонија се незадоволни од учинокот на Роже Гримау, а идеална замена гледале во грчкиот тренер Димитрис Итуидис.

Грчкиот тренер низ кариерата е доста трофеен во Евролигата. Два пати славеше во најпрестижното натпреварување со ЦСКА, во 2016 и 2019 година. Во клубот од Москва мина осум сезони, а беше и тренер на ПАОК, Мент, Банвита, Фенербахче, а беше и селектор на грчката репрезентација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО