Надал со коментар за елиминацијата во Париз: Ме јадеше змија, другиот ден тигар..

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, го заврши своето учество на Ролан Гарос уште во 1. коло, што е целосен шок за неговите навивачи.

Најтрофејниот тенисер на овој гренд слем е поразен од Германецот Зверев во три сета 6:3, 7:6 (7:5), 6:3. На пресконференцијата се обиде да биде шеговит и на оригинален начин се обиде да долови што се случува со неговото тело.

– Моето тело е џунгла две години, не знаете што да очекувате. Еден ден се разбудив и најдов змија како ме јаде, друг ден тигар. Тоа беше голема борба со работките низ кои минав, но динамиката е позитивна последните неколку недели. Минав низ доста тежок период овие две години во смисла на повредите. Го минав цел овој процес со цел да се вратам на Ролан Гарос, порача Рафаел Надал.

Останува да се види дали ова беше последниот меч на Надал на Ролан Гарос, или пак ќе се појави и следната сезона малку залечен, но е тешко веројатно тоа сценарио.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО