Нови моменти: Од Дортмунд не исклучуваат евентуален трансфер на Гринвуд

Борусија Дортмунд размислувала за ангажман на Мејсон Гринвуд од Манчестер Јунајтед, откако неговата позајмица во Хетафе истече.

Се уште е неизвесно каде ќе настапува и за чиј дрес идната сезона младиот и талентиран фудбалер, а првите информации зборуваат за тоа дека Јунајтед сака да се ослободи од овој фудбалер.

Како и да е, големи се шансите англискиот интернационалец да не заигра веќе за „црвените ѓаволи“, а таквата ситуација носи нови моменти.

Имено, Борусија Дортмунд наводно веќе стапила во првичен контакт со цел да се распраша во Јунајтед за можноста за откуп на договорот на Гринвуд, но тоа го оставиле за по финалето од ЛШ, на кое се во моментот фокусирани.

Гринвуд поради тоа што направи скандал, беше оддалечен од првиот тим и тренинзите, потоа беше испратен на позајмица во Хетафе, па сега е време за нова епизода во кариерата.

Спортскиот директор на Дортмунд, Себастијна Кел, доби прашање од новинарите токму за трансферот на Гринвуд, па на кратко прокоментира.

– Не би сакал уште сега да зборувам за шпекулации, ајде да помине финалето во сабота, па да зборуваме за тоа. Секако дека имаме планови за идната сезона и разговаравме за повеќе сценарија, но ништо повеќе од тоа за денеска. Да се фоклусираме на финалето, па за тоа, потоа, порача Кел.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО