Баерн гостува во Лондон, Тухел веќе излезе со очекувањата од двомечот со Арсенал

Жрепката во четвртфиналето од ЛШ сакаше да ги спои старите ривали, Арсенал и Баерн Минхен.

Доколку ги прашате „топчиите“ дали имаат добри сеќавања од двомечите со баварскиот клуб, ќе ви кажат отворено дека тоа воопшто не им е омилен клуб, бидејки многупати успеваа да припат по пет парчиња во дуелите против Баерн Минхен.

Но сега приказната е друга, Арсенал е на едно повисоко ниво, додека Баерн Минхен не е оној Баерн Минхен од минатото. Често знаат да направат кикс против послаби екипи, па токму таму тимот на Микел Артета ја гледа својата шанса.

Запрашан Томас Тухел за предизвикот со доаѓањето на Арсенал, германскиот тренер нагласи:

– Добро, дефинитивно е еден од најтешките жребови, но добро, предизвикот сигурно ќе биде голем кај мене и моите играчи. Ќе бараме победа, но ќе биде тешко против овој Арсенал, бидејки ќе им треба врвно ниво на фудбал за да ги добиеме. Одиме прво во Лондон да победиме против нив. Ќе биде тешко, но одиме со одредена доза на самодоверба, порача Томас Тухел.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО